Две велосипедски трки и рекреативна велосипедска тура на 21 септември во Крушево

Во рамки на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ Општина Крушево на 21 септември организира две велосипедски трки и една рекреативна велосипедска трка.

 

Ќе се одржат трки во машка и женска конкуренција на веќе обележаните патеки за велосипедизам, а најдобрите ќе добијат велосипеди. Покрај овие трки ќе има и една рекреативна велосипедска тура за сите оние кои не сакаат да се натпреваруваат.

 

Трките и турата ќе започнат во 10 часот на 21.09.2019, а учеството на истите е бесплатно.

 

Патека за мажи

 

Патека за жени

 

Патека за рекреативци

 

Настанот е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.