Потпишани договорите за изработка на урбанистички планови во крушевските села и пат до Крушевско езеро

Денес, 04.09.2019, во просториите на Владата на Република Северна Македонија градоначалникот ги потпиша договорите за финансиските средства за изработка на урбанистички планови за селата и изградба на пат до Крушевско езеро, со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски.

 

„Овие постапки се во тек, односно веќе се завршени јавните набавки и она што преостанува е почеток со работа на терен. Покрај ова работиме и на изградба на спомен обележјето на Тоше Проески, спортската сала, горна училишна зграда, резервоар за вода во с. Белушино, асфалтирање на локални патишта со селата Јакреново и Саждево, рекоснтрукција на пат од Борино до Житоше, изградба на канализација во с. Норово и други проекти“, изјави градоначалникот на општина Крушево по потпишувањето на договорите.

 

За урбанистички планови на селата ќе бидат потрошен околу 200 000 евра, додека за реконструкција на патот до Крушевско езеро обезбедени се 11 981 547 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien