Ќе се субвенционира вградување плински уреди во возилата

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени проектираните 15 милиони денари за субвенционирање на граѓаните кои сакаат да вградат уреди на течен нафтен гас, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

 

Бектеши е убеден дека, по донесувањето на ребалансот, пратениците ќе ја усвојат оваа мерка која, како што рече, е од интерес за сите.

 

„Министерството за економија има дополнителни средства. Го усвоивме веќе Законот за возила од каде произлегуваат нови мерки што треба да ги спроведеме. Како институција, речиси сто отсто ја имплементиравме нашата Програма, а во наредниот период, откако ќе биде усвоен ребалансот, ќе почнеме да ја спроведуваме и новата мерка која се однесува на субвенционирање трошоци за вградување плински уреди“, рече министерот на прес-конференција во Владата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien