Бројот на жртви од Доријан на Бахамите се искачи на 30 – се стравува дека не е конечен

Бројот на загинати во ураганот Доријан, којшто неделава ги погоди Бахамите се искачи на 30. Министерот за здравство на таа земја изрази стравување дека тој број би можело да се зголемува бидејќи десетици се пријавени за исчезнати, а спасувачката акција и натаму е во тек.

 

Ураганот Доријан во неделата ги погоди островите Абако како бура од петта категорија, а потоа и Гранд Бахама како бура од четврта категорија. Жртвите се токму од овие острови.

 

Обединетите нации наскоро ќе испратат осум тони помош во храна на Бахамските острови, додека Светската програма за храна смета дека помошта им е потребна на 76.000 луѓе. Обединетите нации најавија дека во наредните три месеци ќе достават дополнителна помош од 85 тони храна.

 

Во моментов со сила на невреме од трета категорија Доријан се движи кон источниот брег на САД, кон Северна Каролина и се очекува да удри денес или најкасно утре, поради што е наредена евакуација на 1 милион луѓе.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.