ВИДЕО – За прв пат општините Долнени и Чашка се поврзуваат со пат, патувањето за Скопје се скратува за 60 км. во правец

За прв пат Општините Долнени и Чашка се спојуваат со асфалтен пат долг 11 км., од селото Црнилиште до Богомила, чија инвестиција изнесува околу 80 милиони денари. Значењето на овој пат е огромно бидејќи жителите на овој дел од Пелагонија го скратуваат патувањето до Скопје за цели 60 км. во еден правец, односно 120 км. напред – назад. Тоа ќе биде од огромно значење за поголем транспорт на стоки и луѓу, но и за заштеда при патните трошоци.

 

 

„Ова ќе го олесни двиижењето не само на граѓаните, туку и на стоките и на услугите, но и ќе ги доближи граѓаните од Централна Македонија со Западна Македонија“, истакна Крешник Бектеши, Министер за економија.

 

„Првата фаза е со должина од 7 км. Ќе биде комплетно тампонирање и асфалтирање, а напоредно од другата недела започнуваме со тампонирање на наредните 4 км. и пробивање на тие места кои не беа пробиени. Да се среди целиот пат и доколку дозволи временската состојба истиот комплетно да биде асфалтиран годинава“, кажа Беким Мемеди, директор на „Македонија Пат“.

 

Жителите велат дека Долнени и Чашка биле единствените општини во Македонија кои инфраструктурно не биле поврзани и тоа станувало збор за само 11 км.

 

„Можеби е единствениот случај каде 2 соседни општини не беа поврзани преку патна инфраструктура така што нас ни требаше над 100 км. за да дојдеме до соседната општина“, истакна Џемил Ќамили, градоначалник на Општина Долнени.

 

Се очекува изградбата на патот да заврши оваа градежба сезона.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.