Доделена Осмо-септемвриска награда за 2019 година на Свечената седница на Општина Крушево 

Денес се одржа Свечената седница на Општина Крушево на која се доделија признанија, пофалница и Осмо-септемвриска награда за 2019 година.
– Како највисоко општествено признание, Осмо-септемвриска награда е доделена на Горан Димишкоски – за афирмација на Крушево и посебен придонес во областа на спортот и туризмот со организација на 16-то Светско првенство во Параглајдинг 2019 година. Но, поради работното отсуство на Горан Димишкоски, наградата ја прими Мартин Јованоски.
– По повод 8-ми Септември за 2019 година, доделено е Признание на Итната Медицинска помош при Здравствен Дом-Крушево во областа на здравството. Воедно, ова Признание се доделува и за покажаната несебична активност и поддршка на сите манифестации кои ги организираше Општина Крушево.
– Во знак за посебен придонес во афирмацијата на Општина Крушево во областа на образованието, се додели Признание на Ташули Талески од Крушево.
– Исто така, доделено е Признание на Христо Велески за посебен придонес во афирмацијата на Општина Крушево во областа на образованието.
– Додека, пак, Пофалница е доделена на Пинг понгарскиот клуб „Крушево“ – Крушево, за посебен придонес во областа на спортот и освоените резултати на Балканското Првенство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien