Фрчкоска е новиот адвокат на Јанева

Адвокатката Ирена Данилова Фрчкоска е новиот адвокат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

Откако адвокатот Стеван Павлески го откажа полномоштвото поради конфликт на интереси, односно тој мораше да одлучи дали ќе ја застапува Јанева или осомничените од СЈО, односно бизнисменот Цветан Панделевски во предметот „Империја“ и Љупчо Георгиевски во „Траекторија“, Јанева имаше потреба од нов адвокат. Поради тоа, Фрчкоска од пред неколку дена е новиот адвокат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

Во „Рекет“, покрај Јанева, осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.