ВИДЕО – Ризески : Еколошка катастрофа на прилепското вештачко езеро, дали некој ќе одговара за неспособноста

Негрижата и неспособноста на надлежните доведе до еколошка катастрофа на прилепското вештачко езеро. Купишта изумрена риба има на брегот од езерото, кое одново остана без вода. Истакна на денешната прес конференција Тони Ризески, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во период кога сеуште активно се работи во полињата и кога земјоделците се соочуваат со страшна суша, одново е испуштена водата од езерото и одново се предизвика уништување на рибниот фонд.

 

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати апелираше за ваквото катастрофално менаџирање со езерото од страна на кадрите на власта, а сега одново ги прашуваме:

 

Кој ќе ги надомести штетите на земјоделците кои уредно имаа потпишано договори за наводнување, а во текот на целиот летен период се соочуваа со недостиг на вода?

 

Зошто по втор пат се испушта водата и дали некој ќе сноси одговорност за поморот на рибите?

 

Каде ви е совеста и како можите да со поигрувате со трудот и маката на луѓето кои секојдневно работат по нивите за да обезбедат егзистенција на своите семејства?

 

Дали овој пат ќе го промените испусниот вентил на браната и дали на вистинско место ќе завршат 9 милиони денари, пари кои се предвидени за таа намена?

 

Почитувани, наместо спортско рекреативен центар со игралишта, патеки и место за рекреација и уживање, како што ветуваше градоначалникот Илија Јованоски, денеска езерото е претворено во пустелија, во едно грдо место, кое повеќе никој не сака да го посети.

 

Уништувањето на вештачкото езеро во Прилеп е уште еден од низата скандали кои власта безуспешно се обидува да ги скрие, но како и за се претходно верувајте дека ќе одговараат.

 

Ќе одговораат за сите криминали сакале или не! На Македонија и следува обнова и Македонија конечно ќе ја предводи власт која ќе гарантира правна држава за сите!“, потенцираше Ризески.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.