Во петок започнува осмото издание на Prilep Jazz Weekend – 3 дена со врвни музичари од македонската џез сцена

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Здружението ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ со задоволство Ви го најавува осмото издание на Prilep Jazz Weekend , кој е еден од најзначајните културни случувања во нашата земја. Овогодинашниот фестивал  ќе се одржи на 13, 14 и 15 септември во салата на Кино Мис Стон. Мисијата на фестивалот е поддршка на домашната џез продукција, негување на добриот музички вкус и создавање на нова џез публика, посебно меѓу младите луѓе.

 

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма, а прилепската публика ќе има можност да ужива во настапот на врвни музичари од Македонската џез сцена.  Богатата програма со пет концерти и филмска проекција ветува ново искуство и незаборавно доживување за сите љубители на овој музички правец со најширок спектар на поджанрови кои го сочинуваат џезот денес.

 

Почетокот на фестивалот ќе го означи документарецот со џез содржина BLUE NOTE во режија на Јулијан Бенедикт и Андреас Морел, а концертот што следува е новиот проект  на  Доријан Јовановиќ.

 

Вториот ден на фестивалот обединува квалитетни изведувачи со големо искуство, кои своето музичко знаење го стекнале во земјава и странство. Тоа се Триото на Тони Китановски и џез ансамблот Кукурек, чии членови се едни од највлијателните македонски џез музичари од помладата генерација.

 

Финалната вечер е резервирана за квартетот на извонредниот гитарист Џоле Грујовски и Кабадајас, сега како трио, чиј жанр е мешавина од традиционалните ритмички изрази, со длабоко влегување во сферите на џез фузијата.

 

Почетокот на концертите е во 21.00 часот.

 

Целосната програма со повеќе детали може да се види на следниот линк:   www.prilepjazz.mk

 

Влезниците за фестивалот се во висина од 400 денари (пакет за трите дена) со кои следува подарок CD од дуплата компилација PRILEP JAZZ WEEKEND, а истите може да се набават во CITY TOBACCO PRILEP (на плочникот).

 

Нека Prilep Jazz Weekend биде место за ширење на музичката мисла, љубов и радост !!! Информации и резервации за фестивалот : 075 770 600 и 076 432 953.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи