Заев: Груевизам до доцна во ноќта, ВМРО-ДПМНЕ бара да им го заташкаме криминалот

По седумчасовните разговори вчера до доцна во ноќта на лидерската средба, денес на прес конференција премиерот Заев истакна дека е разочаран од ВМРО-ДПМНЕ поради непостигнувањето на договор околу СЈО и ја обвини опозиционата партија дека бара предметите од СЈО да дојдат под нивна капа со цел конечно да запрат.

 

„Се обидовме сѐ. Да излеземе во пресрет на секое разумно, праведно и правилно барање или услови. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата. Да бидеме креативни, но сепак да не дозволиме црвените линии да се поминат. Но, се соочувавме со невозможно барање, барање кое е против секоја логика, кое е против правдата, кое е против ЕУ и НАТО. Против граѓаните, против вредностите, против стандардите. Имав надеж дека ќе ја сменат матрицата на однесување која се потоврува од Пржинскиот договор. Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Бараат да им го заташкаме криминалот – тоа е мојот заклучок. Затоа е тешко да се постигне договор. Ние тоа не го прифааќме и не смееме да го дозволиме тоа. Бараат предметите по 30 јули 2017 да го преземе нивен обвинител, да се затворат, заташкат и анулираат“, рече Заев.

 

Тој додаде дека им предложиле формирање на сосема ново обвинителство, кое ќе се занимава со висока корупција и криминал и ќе се занимава со работењето на сегашната власт, но и предмети од минатите години, кои не застаруваат, меѓутоа, тоа не било прифатено од опозицијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien