Шведска го изгуби највисокиот врв поради глобалното затоплување

Кебнекаисе, највисокиот врв во Шведска, стана жртва на глобалното затоплување. Научниците известија дека глечерот на планинскиот врв се намалува поради се повисоките температури на Арктикот. Сега врвот повеќе не е највисок во земјата.

 

„Ова е јасен сигнал за сите во Шведска дека работите се менуваат“, велат научниците.

 

Кебнекаисе се наоѓа во северниот дел на Шведска и има два врва. И двата се мерени редовно од 1880 година досега. Јужниот врв секогаш бил висок, но откако научниците го измерија на почетокот на септември годинава, откриле дека северниот врв сега е повисок за 1,2 метри.

 

„Се сомневавме дека тоа е така од минатата година, но за жал, нашите мерења не беа доволно прецизни. Сега со сигурност можеме да кажеме дека сме прецизни со можност за грешка од само неколку сантиметри“, велат научниците.

 

Всушност, при проследните мерења се покажало дека јужниот врв бил најнизок досега. Речиси сето намалување на врвот се случило во изминатите две децении затоа што глечерот губел по метар годишно. Но, не е се изгубено. Глечерот повторно може да се зголеми кога ќе почне да врне снег.

 

Ова не е прв пат да се случува нешто вакво. Во јули минатата година просечните температури во Шведска се искачија за повеќе од 10 степени од вообичаените и глечерот Кебнекаисе се намали за четири метри. Иако научниците очекувале да се случи ова, официјалното губење на титулата највисок врв било доста емотивен настан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien