18 години од нападот кој го промени Светот!

Пред точно 18 години Ал-Каеда го изврши најголемиот терористички напад во историјата откако киднапираа авиони кои потоа удрија во кулите близначки во Њујорк и во Пентагон при што убија околу три илјади луѓе.

 

Според официјалниот извештај 19 терористи припадници на „Ал Каеда“ киднапирале четири патнички авиони . Два од нив удрија во Светскиот трговски центар на Менхетн во Њујорк, по еден во секој облакодер, по што кулите близначки се срушија. Третиот авион удри во Пентагон, главното седиште на Министерството за одбрана на САД. Четвртиот авион се сруши во рурален дел во Пенсилванија 130 километри источно од Питсбург, откако патниците се обиделе да ги неутрализираат терористите киднапери на авионот. Официјалниот извештај покажува дека терористите киднапираните авиони ги претвориле во самоубиствени бомби.

 

Вкупно загинаа 3.466 луѓе од кои 2.606 во Светскиот трговски центар, 265 патници и екипаж во киднапираните авиони, 125 во Пентагон. При спасувачката мисија настрадаа и 343 пожарникари, 72 полицајци и 55 војници. Загинаа и сите 19 киднапери.

 

При уривањето на кулите-близначки паднаа и две соседни згради, а уште три беа тешко оштетени.

 

Како одговор на нападите САД ја започнаа Војната против тероризмот со инвазија на Авганистан, а потоа и на Ирак.

 

Терористичкиот напад на 11 септември спаѓа меѓу најзначајните настани кои се случиле во  21 век и воопшто во историјата , поради тоа што предизвика големи воени, политички социјални и други последици за светот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien