„Delirium tremens“ на фестивал во Србија

Театарска Работилница Прилеп  и ЦК „Марко Цепенков“ на покана од здружението на граѓани „Вардар“ од Ниш ќе гостуваaт на Денови на македонската култура во Ниш на 12- ти и 13- ти септември.

 

Гостувањето е со музичко – поетска вечер и претставата монодрама „Delirium tremens“ од Благоја Ристески Платнар, во режија и изведба на Игор Трпчески и со учество на Димитар Ѓорѓиевски, Менде Костоски, Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.

 

Поетската вечер ќе се одржи во библиотека Стеван Сремац, а претставата ќе биде изведена во Академијата за уметност во Ниш.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien