Тур де Егејска Македонија – нов подвиг на Мојсоски и Мулоски од прилепските „Маркови Точакџии“

Христијан Мојсоски и Кире Мулоски членови на прилепското здружение на велосипедисти „Маркови Точакџии“ за 3 дена помина 500 км. низ Егејска Македонија : Прилеп – Дојран – Солун – Воден – Битола – Прилеп.

 

„Тргнавме во понеделникот на 09.09.2019 во 03.30 и се упативме кон Дојран каде и ручавме. Од тука околу 12 часот се упативме кон Солун каде стигнавме во 17 часот, со што само првиот ден поминавме 215 км. Вториот ден уживавме на Солунските плажи, а третиот ден на 11.09.2019 утрината околу 5.30 часот од Солун се упативме кон Воден. Пауза за појадок напрваивме во Гианитса од каде продолживме кон Воден. Таму ги посетивме познатите водопади и околу 12 часот се упативме кон Македонија, преку Битола и назад во Прилеп, со што поминавме 240 км.“, истакна Христијан Мојсоски, член на Маркови Точакџии.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien