ВИДЕО – Се уште гори на Плетвар, патот и понатаму блокиран

Огромен шумски пожар беснее од 15 часот на планинскиот премин Плетвар над Прилеп. Огнот се простира на потегот од Каменоломот кај селото Тројаци, а потоа се движи кон селогто Топлица. Поради огромните пламени јазици, кои буквално се надвиснуваа над самиот пат, густиот чад и намалената видливост, сообраќајот на регионалниот патен правец Градско – Прилеп е стопиран од 15.40 миинути. Километарски колони на возила се заглавении со часови од месноста Ленишки мост па по целата обиколница за Битола. Од ТППЕ Прилеп велат дека побарале помош од Дирекцијата за заштита и спасување затоа што не располагаат со доволен број на човечки ресурси и соодвтена механизација за ваков тип на пожари.

 

 

„Пожарот е голем, на потегот од селото Плетвар, па се до Радовил. Се интервенира со пожарникарски екипи, со навални возила, со цистерни. Помош имаме и од Кавадарци со едно возило и 5 пожарникари. Инаку во Општина Прилеп имаме уште 5 големи пожари, ова е еден од нив. Засега помош во сите тие пожари имаме од пожарните како што кажав од Кавадарци, но и од Кривогаштани и Крушево. Изгрена е голема површина, нискостеблеста шума и трева“, рече Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

 

Патот и се уште и вечерва е затворен, а возачите кои чекаат со часови се нервозни.

 

„Чекаме веќе 1 час, кога ќе тргнеме не се знае, никој ништо не кажува. Полицијата дојде и кажа дека имало многу чад не можело да се помине“, рекоа дел од анкетираните возачи.

 

„Јас сум од Косово, прв пат доаѓам тука и вака начекувам. Прашувам дали има друга алтернатива за Скопје, ми вечат дека нема друг пат од тука, јас се чудам“, вели еден камионџија од Косово.

 

Освен овој пожар во Прилепско гори и кај селата Бонче, Лопатица и Дебреште.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.