Професионално обезбедување ќе ги чува болниците, редовни патроли и од МВР

Ќе биде ангажирана приватна агенција за обезбедување за најкритичните болници, а исто така екипи на МВР засилено да патролираат околу сите болници, ова денеска било договорено на средбата кај министерот Оливер Спасовски на која просуствувале претседателот ка Лекарската комора Калина Старделова, министерот за здравство Венко Филипче, претставници од Комората медициските сестри и Здружение на млади лекари и специјализанти.

 

„Професионално обезбедување ќе биде ангажирано на четири најкритични места. Едно од нив е старата Градска болница. Тука се слеваат огромен број на случаи. Се случуваат инциденти со алкохолизирани граѓани. Тука често има сообраќајки. Обезбедување ќе го чува и Ургентниот центар при Универзитетската Клиника, клиниките Токсикологија, Кардиологија и секако Клиниката за Психијатрија, која пак има и сопствен механизам за справување со инциденти“, вели министерот за здравство.

 

„Ова се напади кои немаат никаква логика. И порано имаше слични ваква напади, еден абдоминален хирург беше застрелан. За ова се предвидени затворски казни. МВР потврди дека ќе направи засилени напори за спроведување на тоа“, додаде Филипче.

 

Денешната средба е иницирана од неколкуте инциденти деновиве кога беа нападните лекари и медицински персонал. Последниот беше завчера во болницата „Свети Наум Охридски“, при што еден од напаѓачите е приведен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.