ВИДЕО : Пожарите во прилепско ставени под контрола, синоќа драма на Плетвар, блокирана половина Македонија

Вистинска драма се случуваше вчера во прилепско од 15 часот па се до 23 вечерта, кога поради огромен пожар цели 7 часа беше блокиран патниот правец Прилеп – Градско, преку преминот Плетвар. Повеќе од половина од државата остана блокиран бидејќи овoj пат, освен преку Скопје, е единствен пат кој ја што спојува Источна и Западна Македонија. Околу Прилеп имаше километарски колони од возила, нервозни и исплашени возачи. Вечерта пожарот беше локализиран, но утринава се уште на некои места гореше.

 

 

„Непрооден терен најчесто и тоа нии создава големи проблеми, таа нискостеблеста шума, со шипови, висока трева и го отежнува начинот на гаснењето на ТППЕ“, истакна Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

 

„Морам да кажам дека ТППЕ Прилеп беа на високо ниво со својата работа, успеаа да го изгаснат пожарот особено онаму каде што се очекуваше тој да помине од другата страна на коловозот на патот Прилеп – Градско“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Во рок од само 2 часа вчера во прилепско се случија 5 огромни пожари кои опфатија површина од 300 до 400 хектари. Освен Плетвар гореше кај село Лопатица и помеѓу селата Рилево и Зрзе во Општина Долнени. На помош дојдоа и дел од против пожарни екипи од Кавадарци, Крушево и Кривогаштани.

 

„Другите пожари во прилепско моментално се локализирани, некои се изгаснати, но мора да се држат под контрола поради временските неприлики т.е. силен ветар и многу сува трева, што значии дека може да се случии повторно да за запалат“, додаде командирот Стојчески.

 

Сомнежите се дека причина за сите овие пожари е човечки фактор. Исто така овие ситуациии се само уште еден доказ дека се потребни поголеми вложувања во противпожарните бригади како во купување на нова современа опрема, така во зголемување на човечките ресурси.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.