ВИДЕО – Пожарите во прилепско и понатаму горат, синоќа во голема опасност манастирот Зрзе

Иако најголемиот дел од пожарите во прилепско се ставени под контрола се уште постои опасност од нивно обновување, а некои пак се уште горат засилено. Синоќа најголемата опасност беше кај манастирот Свето Преображение Зрзе, во Општина Долени, каде огнот стигнал на само околу 500 метри од манастирскиот комплекс. На лице место веднаш се упатени против пожарни екипи и огнот е локализиран, но денеска цел ден таму ќе остане едно против пожарно возило и дел од пожарникарите од Прилеп, за да веднаш интевенираат доколку огнот се повтори. Исто така синоќа во опасност беше и селото Никодим кај Пелтвар, а пожари моемнтално горат кај селата Бонче, Лопатица и Рилево во Општина Долнени. И кај Рилево постои опасност огнот да стигне да селото.

 

 

„Само вчерашниот ден алармантно беше над манастирот Зрзе. Од синоќа имаме екипа која што го чува манастирот. Ни јавија пред маллку дека е под контрола, но мора да имаме екипа таму за да не дојде до повторно запалување. Синоќа имавме интервенција и после Алинци, успешно завршена, изгаснат пожарот, спречено е негово поголемо ширење. Кај село Никодим е локализиран пожарот. Екипа денеска од Црн Бор чува кај Никодин. Кај селото Лопатица гори неколку дена, сега ни јавија дека е под контрола, но се уште мора да остане екипата таму да чува. Бонче имаме пожар исто така неколку дена, се надеваме дека и тој ќе биде локализиран“, Методија Николоски, заменик командир на ТППЕ Прилеп.

 

Пожарникарските екипи се постојано на терен, тие се потпомогнати од против пожарните екипи од соседните општини Кривогаштани и Крушево, но за жал нивниот број во вакви случаи е мал. Неможат да постигнат физички да бидат присутни на сите места. Исто така симптоматично е тоа што за само 2 часа пред 2 дена во Прилеп се појави 5 до 6 огромни пожари и тоа на оддалечени на растојание од 20 до 30 км. Од ТППЕ Прилеп велат дека во 99% од пожарите причина е човечкиот фактор, но не сакаат да поверуваат дека во пожарите во прилепско стои некакво организирано палење, иако и тоа не би требало да се исклучи.

 

„Еден апел, сите засегнати страни, фирми и претпријатија доколку се во можност да нии помогнат со механизација и алат, но и со луѓе, кои доброволно би се вклучиле во гаснење на пожарите. Незнаеме утре што би се случувало, но сепак сакаме еден апел да пратиме да бидат приправни за да ни помогнат. Се е можно во врска со овие пожари, да не даде Господ да е човечки фактор замешан во палењето“, додаде Николоски.

 

Овие пожари се само уште еден доказ дека се потребни поголеми вложувања во противпожарните бригади како во зголемување на човечките ресурси, така во купување на нова современа опрема, а особено во набавување на специјална опрема за гаснење на шумски пожари, нешто што против пожарните бригади кај нас за жал не го поседуваат. Од ТППЕ Прилеп иисто така ги повикаа прилепските компании да донираат средства за да може да се купи ваква потребна опрема за шумски гаснење на шумски пожари.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien