ВИДЕО – Пожарите во прилепско подметнати, Општината бара пронаоѓање на сторителите и поголема активност на надлежните

После повеќе дневна борба со огнената стихија конечно неколкуте пожари кои беснееја во прилепско се ставени под контрола и локализирани, освен оној на Селечка планина каде се уште има места што горат и каде што вчера со крајни напори беше спасен од запалување манастирот Свети Димитриј кај селото Селце. Борбата со огнетата стихија таму трае цела вечер. Според Општина Прилеп се работи за подметнати пожари, од каде што се надеваат дека во иднина ќе има побрза интервенција од надлежните органи за откривање и казнување на сторителите.

 

 

„Проценката на стручњаците е дека ова се подметнати пожари. Јас се надевам дека од овој момент сите институции кои се надлежни за контрола на дрвокрадците и се ова што се случува како подметнатите пожари ќе бидат поактивни“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Од пожарот кај Селце вчера беа спасени над 500 основци кои таму беа на екскурзиија, поради тоа ид денес забранети сите еднодневни екскуризи на учениците од Прилеп, a се разгледува можноста за воведување на привремена забрана за движење низ шума и планина.

 

„Последниот пожар беше вчера пожарот во Селце, до манастиерот, ставен е под контрола и денеска таму имаме екипи кои работат и го чуваат местото да го осигураат за да повторно не се појави огнот“, рече Методија Николоски, заменик командир на ТППЕ Прилеп.

 

Во овие катасторфални пожари изгореа над 500 хектари со ниско стеблеста шума, грмушки и бор во Општините Прилеп и Долнени.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien