Прилепчанецот Владимир Трпаноски нов претседател на Џудо федерацијата на Македонија

Џудо федерацијата на Република Македонија вчера во Прилеп ја одржа втората Седница на Собранието во рамки на тековната 2019 година. На седницата на собранието, од вкупно 23 Редовни Членки, учество земаа 39 Делегати од вкупно 21 џудо клуб од федерацијата. На дневниот ред беа разгледани точки поврзани со тековната работа и функционирање на федерацијата.

 

Во рамки на делот од Собранието, поврзано со Органите на управување, после прифатената неотповиклива оставка на актуелниот Претседател Зегљуљ Реџепи, со мнозинство гласови за нов Претседател на Џудо федерацијата на Република Македонија беше избран Владимир Трпаноски, поранешен џудист, долгогодишен активен Член на федерацијата, етаблиран професионалец во деловното опкружување и актуелен Комерцијален Директор на Витаминка А.Д. – Прилеп.

 

Исто така Собранието донесе Одлука за смена на членовите на Извршниот и на Надзорниот одбор и со едногласно избра нови членови на овие Органи. За нови членови на Извршниот одбор на федерацијата се избрани: Авни Реџепи, Благоја Гешоски, Љубен Андријашевиќ, Марјан Колев, Иван Живковски, Ерол Шерифовски, Николче Мариновски, Бошко Вељановски, Сашо Јанакиевски и Горан Антевски, а за нови членови на Надзорниот одбор беа избрани: Снежана Патирова, Димче Шипинкаровски и Борче Павлов.

 

Покрај изборот на новиот состав на Органите на федерацијата, на Собранието беа изгласани и новите Потпретседатели, Благоја Гешоски и Горан Антевски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien