ЖФК Деспина Прилеп незапирливи на стартот од новата сезона!

Женскиот фудбалски клуб Деспина Прилеп влезе во одлична серија на почетокот на новата сезона во Првата женска фудбалска лига и веќе има 4 победи од исто толку натпревари. На последниот натпревар против ЖФК Атлетико прилепчанки победија со резултат 6:0(1:0)!

 

Стрелци на головите беа Катерина Милеска која постигна хет-трик, потоа Јана Чубриноска со 2 гола и Јована Ѓорѓијоска со 1 гол.

 

Стануваше збор за натпревар со две различни полувремина во рамките на 4 коло во кое е остварена четврта победа по ред. Прв дел во кој што се имаше целосна доминација, но без изгледни шанси и еден гол од далечина, со напомена дека одлично се бранеа и гостинските фудбалерки. Во вториот дел квалитетот на Деспина дојде до израз и беа создадени многу повеќе шанси и постигнати 5 голови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи