Прилепчанецот Александар Стојкоски второ место на „Пирин ултра“ на делницата од 40 км.

Планинскиот тркач, прилепчанецот Александар Стојкоски, денеска го освои второто место на планинската трка „Пирин ултра“ на стазата која е долга 40. Стојкоски на 4-тото издание на „Пирин ултра“ учествува за прв пат. Освен оваа, „Пирин ултра“ има уште две други делници на 66 и 160 км.

 

„За прв пат се организира оваа делница на која трчав денес со должина од 39.3 км. и со 2.650 метри висинска разлика. Учествуваа над 200 учесници. Завршив со време од 4 часа и 52 мин, само 5 минути зад првиот учесникот кој победи. Оваа трка е навистина брутална. Цел тој масив на Пирин планина е една од најтешките планински патеки на Балканов. Стартот беше од Банско на 900 мнв, потоа се искачивме веднаш на врвот Вихрен на 2.914 метри надморска височина, што значи 2000 метри +. Потоа продолживме со слегување на домот Вихрен и се упативме кон Тодорка, која не ја искачивме целосно туку поминавме под неа и потоа финишот на трката повторно беше во Банско“, истакна за Инфо Компас, Александар Стојкоски.

 

Стојкоски вели дека нареден негов предизвик ќе биде планинската трка „Krali Marko Ultra Trail“ која ќе се одржи на 28 септември во Прилеп со должина од 67 км, а потоа планира да учествува и на планинската трка „Momata rock trail“, која се одржува исто во Прилеп на Селечка планина.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи