„Winter Apricots“ продолжува без финансиска поддршка од институциите – Интернет кампањата за собирање на средства е во тек

Четврта година по ред Интернационалниот фестивал на краток филм „Winter Apricots“ ќе се обиде во Прилеп да ја етаблира и промовира филмската уметност, како онаа современата така и класичната, домашната и интернационалната. Но сепак фестивалот и покрај својата уникатност и свежината во однос на седмата уметност која што ја внесе во Прилеп се уште се соочува со финансиски проблеми и како што велат неговите организатори 4 години работат „партизански“. Впрочен тоа е карактеристика за многу културни манифестации во државава.

 

Фестивалот на подвижните приказни и овој декември ќе биде засолниште за сите љубители на филмската, но и останатите уметности. Организациски гледано, продолжуваме партизански“ да чекориме по веќе одбраната траса, онака типично за нас, инаетчиски, па така и оваа година ќе се обидеме да се само организираме независно, се разбира со помош на сите наши пријатели. Интернет кампањата за собирање на средства е во тек! Секаков вид на поддршка е добредојдена!“, вели Дарко Ѓорѓиески, организатор на фестивалот „Winter Apricots“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien