Во Швајцарија “погребан“ глечер кој исчезнува поради глобалното затоплување

Стотици луѓе беа присутни на „погреб“ на висока надморска височина за швајцарски глечер, кој исчезна поради глобалното затоплување. Климатските активисти, облечени во црно, се искачиле на 2.600 метри надморска височина за да оддадат почит на остатоците од глечерот Пизол на Гларнските Алпи, Источна Швајцарија.

 

Повеќе од 80 отсто од мразот исчезнале од 2006 година, а сега преостануваат само 26.000 квадратни метри. Глечерот, кој имал 320.000 квадратни метри во 1987 година, се очекува целосно да исчезне до крајот на следната деценија.

 

Но поради огромната загубена површина, од научна перспектива тој повеќе и не се рачуна за глечер.

 

Пизол беше прогласен за мртов на церемонија во неделата. Глечерот, кој се набљудува од 1893 година, ќе биде првиот што повеќе нема да се набљудува од швајцарската мрежа за набљудување на глечерите, кој следи 1.500 глечери во Швајцарија.

 

Погребот следува по сличен настан што се случи во Исланд во август, кога климатските активисти  се збогуваа со исландски глечер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.