Денес почнува есента – доаѓа со дожд

Денеска во Македонија, како и на целата северна хемисфера на планетата почнува есента. Доаѓа со нестабилно време и повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар.

 

Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), проследени со грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

 

Есента ќе трае до 21 декември, кога настапува зимата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien