“Крваво“ небо над Индонезија – чуден природен феномен

Индонезија беше сведок на чуден природен феномен, кога небото над индонезиската провинција Џамби, поради густата магла и чад од големите шумски пожари кои се искачиле до повисоките нивоа на атмосферата, доби темно црвена боја.

 

Густината на микро и нано честичките во воздухот и атмосферата биле доволно големи за да ја направат содржината на издувни гасови многу поголема од оние во „нормалната“ атмосфера.

 

„Во маглата од чадот претежно има честички со големина од околу 1 микрометар, но тие не се одговорни за промена на бојата на светлината. Тоа го прават помали честички, од околу 0,05 микрометри или помалку. Тие не се во голем број, но ги има доволно за да ја истакнат црвената светлина повеќе од сината“, вели климатологот Кох Тие Јонг од универзитетот во Сингапур.

 

Највпечатливите снимки и фотографии од овој феномен во Индонезија биле направени околу пладне, што го прави небото уште поцрвено.

 

Слични сцени во Индонезија се забележани по ерупцијата на вулканот Каракатау во 1883 година и по ерупцијата на вулканот Пинатубо во 1991 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien