ОН: Последните пет години најтопли на Земјата

Знаците и влијанијата на климатските промени, како што се покачувањето на нивото на морињата, топењето на глечерите и екстремните временски прилики, пораснаа во периодот од 2015 – 2019 година, што претставува и најтопол петгодишен период во историјата на мерењето, стои во извештајот на Светската метеоролошка организација.

 

Извештајот на ОН дава единствена проценка за состојбата на планетата која е изложена на сè поголеми климатски промени, при што се нагласува потребата од итно дејствување.

 

„Причините и влијанието на климатските промени се зголемуваат, а не забавуваат“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас.

 

„Порастот на нивото на морето се забрзува, а ние сме загрижени дека ненадејното топење на ледената прекривка на Антарктикот и Гренланд ќе продолжи и во иднина. Како што видовме годинава со трагичните ефекти на Бахамите и во Мозамбик, зголемувањето на нивото на морето и интензивните тропски бури доведоа до хуманитарни и економски катастрофи“, констатира тој.

 

Кога станува збор за концентрацијата на стакленички гасови, се укажува дека во последните пет години се забележува постојан пораст на нивоата на јаглерод диоксид и други штетни гасови за речиси 20 проценти во однос на претходните пет години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien