Поскапуваат бензините и дизелот

Ново поскапување на цените на бензиот и дизелот. Според одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика од полноќ ќе се вози поскап бензин и дизел.

 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа од утре ќе се продава за 69,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе се точи по цена од 72,00 ден/лит.

 

Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и ќе изнесува 64,00 ден/лит.

 

Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за 1 денар на 53,50 денари за литар.

 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 5,35 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,39 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 10,77 отсто.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.