Десет поранешни пациенти на штипска ортопедија заразени со хепатитис Ц

Десет  поранешни пациенти, кои биле хоспитализирани на Ортопедското одделение на Клиничката болница – Штип, се заразиле со вирусот хепатитис Ц.

 

Заразените поранешни пациенти на Ортопедија се повозрасни мажи и жени, од различни градови во источниот регион од државата. Заеднички им е што претходно биле пациенти на Ортопедија, едни оперирани, а дел и неоперирани. Последните двајца пациенти се откриени откако самоиницијативно направиле испитувања на крвта по веста во медиумите.

 

Изворот на заразата се уште не е утврден. Не го покажа ниту контролата на Државниот и санитарен инспекторат, ниту на Комисијата за интерхоспитални инфекции на Клиничката болница. Дополнителни епидемиолошки истражувања треба да утврдат точно од каде потекнува заразата.

 

Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип Марија Димитрова вели дека ја следат состојбата со поранешните пациенти на Одделението за ортопедија во Клиничка болница-Штип, а побарале помош и од колегите од Скопје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien