ЈКП Комуналец набави ново возило за собирање и транспорт на рециклирачки отпад

Со финансиска помош на ЕУ, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп набави ново комунално возило со капацитет од 7+1 м3, чија вредност без ДДВ изнесува 61.494 евра.

 

Со оглед на застарениот возен парк и на тоа што јавното претпријатие последен пат набавило ново возило пред десетина години, комуналното возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.

 

Покрај набавката на возилото, во рамки на проектот наскоро треба да пристигне и нова хидраулична преса за пресирање на различен вид отпаден материјал.

 

Вкупната вредност на новото комунално возило и автоматската континуална преса од 50 тони, изнесува 121.000 евра, а средствата од проектот „БИО – РЕАЛ“ се финансиска поддршка од програмата на Европска Унија „Интеррег – ИПА“, прекугранична соработка со Грција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien