Познат загадувачот на Вардар, му претстои казна до 100.000 евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Отпаден материјал од железо и киселина е причината поради која водите на Вардар добиле портокалова боја, а компанијата Арцелор Митал од округот на Железара е одговорна за еколошкиот инцидент, информира Државниот инспекторат за животна средина.

 

Штетните материи не биле соодветни третирани во системот за отпадни води, па поради тоа реката добила невообичаена бакарна боја, а поради загадувањето настана и помор на риби.

 

Државниот Инспекторат за животна средина ќе го забрани за работа погонот на Арцелор Митал – Либерти хаус груп, а дали ќе следи и кривична пријава ќе се знае најмногу за два дена.

 

„Доколку овој инцидент биде ставен во трета категорија, тоа значи дека предизвикувачот може да добие прекршочна пријава со парична казна од 70.000 до 100.000 евра“, велат од Инспекторатот.

 

И градоначалникот на град Скопје, Петра Шилегов изјави дека ќе бара драконска казна, со цел да се спречат слични еколошки катастрофи во иднина.

 

„Јас ќе барам и ќе инсистирам, имајќи во предвид дека имавме сериозно нарушување на еко-светот односно помор на риби, освен прекршочната постапка, таа што е стандардна, да се испитаат и сите можности на државниот инспектор да биде поведена и кривична одговорност“, изјави Шилегов.

 

Од Арцелор Митал велат дека станува збор за инцидент кој досега не се случил во компанијата, односно за хвар во еден погоните, и уверуваат дека досега не биле причинители за било какво загадување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи