Покрај Ирена Фрчкоска, поранешната специјалната јавна обвинителка во притвор Катица Јанева ангажирала уште еден адвокат. Станува збор за Дељо Кадиев, пренесува порталот МКД.мк.
Јанева денес за прв пат е повикана во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како осомничена, а извесно е дека освен со затворска полиција од Истражниот затвор во Шутка, во пред обвинителката Вилма Рускоска ќе биде во придружба и на двајца бранители.
Првично Јанева ја застапуваше адвокатот Стеван Павлески, но поради судир на интереси (застапува осомничен во случајот Империја), мораше да го смени и сега е застапувана од Фрчкоска, и најверојатно во иднина и од Кадиев.
Кадиев е бранител и во постапката за големата сообраќајка со „Дурмо турс“, односно го застапува сопственикот на оваа фирма кој е обвинет во случајот.