Административците кои не ги изршуваат работните задачи во државен сектор, ќе се понудат на приватниот сектор

Административците кои не си ги изршуваат работните задачи ќе бидат прераспоредени на пониски позиции, или ќе им се понудат на приватниот сектор, вака е замислена реформата во јавната администрација.

 

„Приватните компании кои ќе земат работници од администрацијата и јавниот сектор ќе добиваат субвенции за придонесите или државата ќе ги преквалификува овие кадри за да можат да работат во приватен сектор“, изјави министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

 

Секоја институција ќе треба да изготви регистер на вработени и да утврди каде има вишок на работни места. Според Манчевски, со реорганизацијата на администрацијата кадрите кои не работат ќе бидат први за префрлање.

 

„Ќе се исклучат вишокот работни места, па работниците на тие позиции ќе бидат префрлени на други“, рече министерот.

 

Ако работните места се укинат забранети се нови вработувања за истата позиција. Ќе се врши и  реорганизација на институциите, некои ќе се укинат, а некои ќе се спојат.

 

Министерот Манчевски посочи дека било потребно доста време за да се расчистат руините од претходниот систем и да се направат неоходните анализи, да се подготват закони и стратегии, а се инсталирале и големи софтверски системи со финансиска поддршка и во координација со ЕУ. Токму во извештајот на ЕК во делот за реформа на јавната администрација , истакна, по долго време е констатиран добар напредок во реформата на јавната администрација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.