Младинска меѓународна конференција “Европски вредности за иднината на ЈИЕ” во Крушево

Меѓународната младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на Југоисточните европски земји” почнува денеска во Крушево.

 

Конференцијата е во организација на Младински сојуз – Крушево, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Република Македонија и Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје, како и поддршката од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа преку Германската амбасада во Скопје.

 

Конференцијата 17. пат традиционално се одржува во Крушево, а ќе биде отворена вечерва со обраќање на Методија Стојчески, претседател на Младински сојуз – Крушево, Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија и Лидија Димова директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

На конференцијата ќе присуствуваат педесет и осум  активни младински лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Германија, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, и Турција, кои ќе дискутираат во Крушево за тоа како младите лидери можат да го поддржат процесот на евроатлантска интеграција на регионот.

 

Конференцијата ќе резултира со препораки и предлози за промоција на европските вредности, насочени кон лидерите и младите луѓе од регионот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien