Инспектори во Нетпрес поради текстови за случајот со тендерот на М-НАВ

Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава влегле во редакцијата на Нетпрес по наредба, како што рекле, на јавен обвинител, објавија од редакцијата.

 

„Тие извршија разговор со главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра. НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник бараа информација од каде се добиени документите“, пушува Нетпрес.

 

Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.