На Економскиот факултет во Прилеп утре работилница за проектот „Алијанса на знаење во Еко-иновативно претприемништво за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија“

Економскиот факултет – Прилеп, Универзитет „Св.Климент Охридски – Битола“  работи на имплементација на проектот „Алијанса на знаење во Еко-иновативно претприемништво за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија“ во рамките на ИПА – Балкан – Мед програмата.

 

Целта на проектот е воспоставување на алианса на знаење помеѓу високообразовните институции  и бизнисите заради промоција на еко-иновативно претприемништво на Балканот со заедничка имплементација на сеопфатен збир од активности посветени на унапредување на иновацијата во областа на менаџментот на еко – иновативното претприемништво и одржливата економија.

 

Една од активностите на проектот формирање Лабораторија за Еко-иновативно претприемништво ( ЕИЕ) во рамките на која ќе се одржуваат  работилници кои ќе придонесат за развивање на продуктивна дискусија за развој на модули и курсеви за обуки од областа на еко-иновативното претприемништво  помеѓу присутните претставници од академската заедница, бизнис секторот и студентите како идни претприемачи.

 

Во рамките на ЕИЕ Лабораторијата, Економскиот факултет – Прилеп  заедно со претставници од Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ, како партнери во проектот, организираат две работилници за еко – иновативно претприемништво, едната се одржа на 18-ти септември, а другата ќе се одржи утре, 27-ми септември 2019 година.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien