Прилепчанец прегазил пешак во Струмица – починал на лице место

Во кругот на индустриската зона во Струмица во утринските часови во средата се случила сообраќајна незгода со трагичен исход.

 

Како што информираат од МВР, комбе марка „мерцедес спринтер“ со прилепска регистрација удрило во 69-годишен пешак од Струмица.

 

Од ударот на комбето, кое го управувал 40-годишен прилепчанец, пешакот починал на местото на настанот.

 

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.