Силен земјотрес од 5.8 по Рихтер го погоди Истамбул

Силен земјотрес од 5,8 степени според Рихтер го погодил најголемиот турски град Истанбул во околу 14 часот по локално време.

 

Епицентарот е забележан на 66 километри од Истанбул, во Мраморното море на длабочина од 7 километри.

 

Многу граѓани во паника почнале да излегуваат на улиците. Забележано е како поедини згради се нишаат, а снимките на надзорните камери покажуваат дека во маркетите производи паѓале од полиците.

 

 


Тресењето на земјата се почувствувало во целиот град. Засега нема извештаи за жртви и материјална штета.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.