ВИДЕО – Крстев : Набавени се нови машини за перење на алишта и садови, ќе се реновира и дел од дограмата во Домот за стари лица

По повод една година од моето раководење со Јавна општинска установа Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“  би сакал да ја информирам јавноста за дел од проектите коишто се реализирани во оваа јавна општинска установа. Истакна на денешната прес конференција директорот на Домот за стари лица во Прилеп, Мики Крстев.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ располага со капацитет од 151 легло распределени во три одделенија, со моментална бројка од  134 корисници за чија што нега е задолжен стручен персонал од 43 вработени.

 

Во текот на 2019 година, во Јавната општинска установа Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ преземени се следните активности:

 

„Набавена е нова индустриска машина за перење алишта со капацитет од 25 килограми, во вредност од 548.700 денари, средства обезбедени од самофинансирачката сметка.

 

За потребите на кујната во Домот набавена е нова индустриска машина за миење на садови, со триминутен циклус на миење на приборот за јадење, во вредност од 160.480 денари, средства обезбедени од блок дотации.

 

Овој месец потпишан е договор за набавка на нова индустриска машина за сушење на алишта со капацитет од 23 килограми, во вредност од 235.646 денари, средства обезбедени од блок дотации, којашто машина ќе биде испорачана и ставена во функција кон средината на месец октомври.

 

Во однос на инфраструктурните инвестиции, би напоменал дека е потпишан договор за делумна замена на внатрешна и надворешна столарија во висина од 1.041.432 денари, средства обезбедени од блок дотации. Поточно, тоа значи дека во месец октомври ќе се изврши комплетна замена на постојната дрвена столарија со нова ПВЦ столарија во едно од трите одделенија каде се сместени нашите корисници.

 

Исто така со договорот е предвидена замена на ПВЦ столаријата и стаклените површини од просториите за одмор и рекреација во истото одделение, како и замена на сите надворешни влезни врати во објектот со нови алуминиумски профили.

 

Со сите досегашни преземени активности, покрај тоа што се подобруваат условите за живот на нашите корисници, значително се зголемува заштедата на електрична и топлинска енергија,  односно се минимизира загубата на топлина во просториите на корисниците.

 

И покрај ограничените средства со коишто располага Домот, заедно со колективот на вработени, домаќински и одговорно, се залагаме на нашите корисници да им обезбедиме достоинствена старост и нормални услови за секојдневното функционирање.

 

Во тек е изработка на предмер пресметка за инсталација на сигнални уреди за повик на медицинскиот персонал, инсталација на уреди за дојава на пожар, како и делумна санација на критичните места на покривот.

 

Ребалансот на буџетот се уште не е одобрен од трезор од министерсво за финансии, штом ги имаме точните износи на средства со коишто располагаме, истите ќе бидат наменети за молерисување на комплетниот објект, санирање на оштетени простории за сместување на корисници, набавка на душеци и сл.

 

Сметките на домот се ликвидни, побарувањата према доверителите се исполнуваат во рок, односно немаме заостанати неплатени долгови“, истакна Крстев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien