Домашните компании нема да можат да учествуваат во изградбата на новиот Клинички центар

Синдикатот на градежни работници реагира дека со тендерот за изградба на новиот Клинички центар македонските компании се елиминирани од учеството на истиот.

 

Иако тендерот не е објавен, синдикалците реагираат превентивно на два услови. Првиот е што се бара да имаат изградено таков објект во изминатите 10 години, а вториот да дадат гаранција од 250 милиони евра.

 

„Тоа е голема сума за нашите домашни компании, кои граделе такви објекти, но можеби пред повеќе од 10 години. Оваа држава ја изградиле наши домашни компании. Работата треба да се даде на наши луѓе, а не некој од странство да ја добие зделката, додека нашите работници заминуваат надвор од државата на печалба“, апелираат од Синдикатот.

 

Од синдикатот додаваат дека наши компании граделе надвор од државата и изградиле и болници и клиники, па поради тоа барањата на тендерот треба да бидат реални, а не да се даваат баснословни суми, со цел одредена странска компанија да може да ги исполни тие услови.

 

Инаку, изградбата на објектот треба да почне следната година, а се проценува дека инвестицијата ќе биде во вредност од 500 милиони евра. Новиот клинички центар ќе се гради во населбата Бардовци во близина на Психијатриската болница.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.