Не мирува тлото под Истанбул, регистрирани нови 188 потреси

По силниот земјотрес од 5.8 степени според Рихтер што вчера го погоди Истанбул, регистрирани се 188 последователни потреси, изјави денеска Фуат Октај, потпретседател на Турција.

 

Според турски медиуми, последователните потреси се уште се активни. Најсилниот меѓу нив е регистриран со интензитет од 4,1 по Рихтер.

 

Досега се добиени информации за штети врз 473 објекти, меѓу кои и 55 училишта. Хоспитализирани се 34 луѓе.

 

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во Мраморното море во близина на истанбулската област Силиври и на длабочина од 6.9 километри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.