ВИДЕО – Над 50% од младите размислуваат или веќе подготвуваат документи да ја напуштат Македонија

Во моментов се случува масовна иселување на младите од сите земји на Југоисточна во Западна Европа. Освен во Западен Балкан масовно иселување има и кај земјите членки на ЕУ како Бугарија, Грција, Романија и Хрватска. Во некои случаи како оној за Македонија бројките се фрапантни и поразителни. Над 53% од анкетираните средношколци и студенти или размислуваат или веќе подготвуваат документи да ја напуштат Македонија. Причините се добро познати.

 

 

„Поодбрување во здравствениот систем, подобрување во едукацискиот систем, продукција на кадар онаков каков му треба на пазарот на труд. Да се подобри животниот стандард и условите за живот“, истакна Методија Стојчески координатор на Меѓународна младинска конференција „Евроски вредности за за иднината на ЈИЕ“.

 

„Секундарните работи се исто така важни како квалитетот на животот, да видиме што правиме со загадувањето во нашите градови. Дали платата која ја добиваат младите е доволна за да се има квалитетен живот“, потенцираше Блажен Малески, Меѓународна младинска конференција „Евроски вредности за за иднината на ЈИЕ“.

 

Во само 2 години Македонија ја напуштиле 26.000 луѓе, но оваа бројка е далеку поголема затоа што тука не се евидентирани оние кои заминале со бугарски пасош и оние кои заминале на црно. Фрапантни се бројките и во Хрватска.

 

„Многу млади се иселуваат, сега сме членки на ЕУ па така што и движењето ни е олеснето што е причина плус за уште поголемо иселување. Причините се незадоволство од тоа што многу млади неможат да најдат работа за тоа учеле, а тука е и финансиската стабилност“, истакна Маја Лисац, учесник на конференцијата од Хрватска.

 

Овие теми се разговараа на 17-тата Меѓународна младинска конференција која се одржа во Крушево. Една од можностите за стопирање на иселувањето на некој начин се гледа во програмата за мобилност Еразмус каде примерот е обратен. Многу млади кои заминале преку оваа програма се надоградуваат во странство и се враќаат во матичните земји.

 

„Ако одат една или две години во странство да учат или да работат, да фи усовршуваат своите вештини, тие луѓе главно се враќаат. Потенцијално се враќаат не само во Македонија туку и податоцоите на Еразмус покажуваат дека мобилноста придонесува да учениците и студентите да се вратат во своите држави и тука да ги донесат своите стекнати искуства“, изјави Лидија Димова, директорка на Еразмус плус програмата.

 

„И јас сум еден од тие што се иселиле, јас сум од Италија, но живеам во Брисел. Мобилноста преку Еразмус е вредност која помага луѓето да се вратат дома. Јас доаѓам од Сицилија, најнеразвииениот дел од Итапија и многу мои пријатели кои заминаа преку Еразмус повторно се вратија дома со стекнатите знаења“, истакна Габриеле Розано, учесник на конференцијата од Италија.

 

Заклучоците и барањата на 60-тината млади од 16 држави од оваа Конференција во писмена форма ќе бидат доставени и до пратениците во Собранието на Македонија.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien