ВИДЕО- Со фестивалот „Taste Krusevo“, Крушево докажа дека е гастрономски центар во Македонија

„Taste Krusevo“ или „Вкуси го Крушево“ е насловот на фестивалот кој за прв пат се организираше годинава во Крушево. На него учествуваа 30-тина ученици од 8 средни угостителски училишта од Македонија и едно училиште од Лесковац, соседна Србија кои се натпреваруваа во приготвување на традиционален „Крушевски чомлек“, но и секое училиште презентираше по еден специјалитет карактеристичен за нивниот регион.

 

 

„Доаѓаме од Скопје, од средното училиште „Лазар Танев“, досега го немам приготвувано ова јадење, ова ми е прв пат, но се надевам дека ќе испадне многу убаво. Не е тешко да се подготви, се сецкаат сите продукти, се пропржува месото, потоа сите продукти се зачинуваат на страна, ги промешуваме, се додава бело вино и вода и нека се крчка во тава“, вели Павел Јанев, СОУ „Лазар Танев“ Скопје.

 

„Претходно се подготвувавме за рецептот во нашето училиште, се надеваме дека ќе го освоииме првото место“, рече Лазар Вујановиќ, СОУ „Лазар Танев“ Скопје.

 

 

За учесниците како од Македонија така и од Србија овие настани и фестивали се одлична можност за размена на искуства и одлична дружба.

 

„За прв пат сум тука во Крушево, за прв пат ќе го подготвуваме ова јадење „Крушевски чомлек“. Ова е доста интересен настан, ние ги подготвуваме нивните јадења, тие ги учат нашите. Синоќа се претставивме со Лесковачка скара, т.н. Лесковачки воз“, рече Лазар Илиќ, ученик од угостителското училиште од Лесковац, Србија.

 

„Мене мии е многу мило дека се одржа овој настан, бидејќи стекнавме нови сознанија за Крушево, се дружиме до разни деца од разни градови“, истакна Сара Ценева, учениук во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово.

 

„Се запознаваме со нови култури и со нови начини на готвење. Тоа е големо искуство за нас“, кажа Милош Ѓорѓевиќ, професор на угостителското училиште од Лесковац, Србија.

 

 

Приготвените чомлеци учениците ги презентираа во центарот на градот, а откако беа оценети истите имаа можност да ги вкусат и присутните гости и туристи.

 

„Овој фестивал значи многу за децата, што повеќе знаење и дружба, овој фестивал треба да остане традиционален“, изјаво Оливера Карева Скола, СОУ „Наум Наумоски Борче“ – Крушево.

 

„Целта на оовј фестивал е прво промоција на Крушево, промоција на традиционалната храна на Крушево. Туристите кога доаѓаат тука најчесто бараат да пробаат крушевска пита, крушевско грне, чомлекот кој се приготвува денес“, потенцираше Љупче Крстевски, професор во СОУ „Наум Наумоски Борче“ – Крушево.

 

 

Младите се повеќе се интересирале за гастрономијата поради нејзините перспективи во странство.

 

„Се повеќе младите готвачи замиинуваат во странство, подобра е иднината во странство отколку тука, нажалост“, вели Христијан Јорданоски, шеф на кујна.

 

Гостите беа запознаени со крушевската историја и култура, Фестивалот го организираше средното угостителско училиште, а го поддржаа пштина Крушево, локалниот младински совет и угостителските објекти во градот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien