ВИДЕО – Протест на независните синдикати на полицијата, шумската, затворската и судската полиција на патот Прилеп – Градско

На излезот од Прилеп кон Скопје, на регионалниот пат Прилеп – Градско утринава мирен протест одржаа членовите на независните синдикати на полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Прилеп, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево. Нивните главни и основни барања за овој протест се покачување на платите за 25%, признавање на репрезентаивноста на независниот синдикат на полиција, нов колективен договор за МВР, колективниот договор за шумската полиција да биде потпишан во најкраток можен рок и изготвување на посебни колективни договори за судската и затворската полиција, први од ваков вид во тие институции.

 

Полициските службеници побараа и демократизација на МВР и останатите институции, хиерархиско одделување во институциите, законско почитување на системот за унапредување и системот за кариера, како и подигнување на меѓучовечките односи во тие инститиуции.

 

 

Во целост ја пренесуваме изјвата на Николче Кирковски, претседател на синдикална организација на независен синдикат на полиција од СВР Битола.

 

„Од самото основање на независниот синдикат на полиција, независниот синдикат на шумска полиција, независниот синдикат на затворска полиција и администрација и независниот синдикат на судска полиција се залагаат за обезбедување на правата на сите работници според постојните закони, создавање на подобри услови за материјална егзистенција, колективно договање, изготвување и потпишување на колективни договори и враќање на членовите и вработените.

 

Во изминативе години ние и целата јавност бевме сведоци на некооперативноста и игнонорантскиот однос од страна на надлежните институции и органи. Заради нашиот јавен и транспарантен настап за активностите и барањата и обелоденување на конкретните состојби во кои се наоѓаат работниците членовите на погоре споменатите синдикати се под енормни притисоци од страна на надредени кадри со цел отчленување и намалување на членството.

 

Заради непроменетите состојби по однос на правата утврдени со закон, незадоволителни и понижувачки егзистенцијални примања, приближно катастрофални услови за работа, ова здружение на синдикати донесе одлука да го организира овој протест и при тоа да ги изложи основните барања поради кој истиот е спроведен.

 

Како прво барање бараме покачување на платите на сите униформирани полициски службеници, од сите гранки, за 25%. Ова барање го засновуваме брз основа на неколку факти. Ако ја земеме просечната плата на полицаецот од било која гранка која се движи од 16, 18, па до околу 22.000 денари, неземајќи ги притоа во предвид функциите и ако ја споредиме со просечната плата во државата со нешто повеќе од 25.000 денари, а при тоа на оваа споредба да ја додадеме и потрошувачката кошница, која се проценува и се изработува од страна на ССМ и која за март 2019 изнесува 32.825 денари, доаѓаме до заклучок дека ова барање е повеќе од основано.

 

 

Второ наше барање е признавање на репрезентативноста на независниот синдикат на полиција од страна на министерот за внатрешни работи, итно изготвување и потпување на нови колективни договори во МВР, Министерството за правда и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Ова барање го засновуваме на тоа што бидејќи Независниот синдикат на полиција има решение од комисијата при Министерството за труд и социјална политика дека ги исполнува условите за репрезентативност, а повеќе од една година министерот за внатрешни работи го игнорира тоа, иако на повеќе наврати е приложено како доказ и истиот има законска обврска да го испочитува и потпише, но тоа досега не се случило.

 

Во однос на колетивните договори бараме нов колективен договор за МВР, бидејчи постоечкиот е одамна неважечки и тоа е тој договор кој ни десеткува правата и условите за работа, речено во најмала рака и не хендикепира во извршувањето на секојдневните задачи и обврски како полицајци.

 

Бараме колективниот договор за шумската полиција да биде потпишан во најкраток можен рок за да може да се пристапи кон негова имплементација и конечно регулирање на катастрофалните услвои во кои овие работници ги извршуваат своите задачи.

 

За судската и затворската полиција бараме изготвување на посебни колективни договори, први од ваков вид во тие институции, за да се појасни и дефинира начинот на функционирање на истите и да се подобрат правата на тие работници.

 

Третото барање како општо но ни крај помалку важно е демократизација на МВР и останатите институции. Ова барање доаѓа како следствено на претходните две со кои ова здружение се надева дека ќе не придвижи кон европските процеси, европскиот начин на функционирање, односно децидно хиерархиско одделување во институциите, децидно и законско почитување на системот за унапредување и системот за кариера, подигнување на меѓучовечките односи во тие инститиуции, надпартиски и исклучување на личните комплекси на личности и групи, соодветна обука на далеку повисоко ниво и на начин на новите кадри, соодветно и навремено и наменско опремување на овие претходно споменати гранки со опрема, униформи и сите останати потребштини и се останато. И се останато кое ќе се изготви и ќе биде дел од колективните договори и останати подзаконски акти и правилници.

 

 

Овие изложени барања очекуваме да бидат исполнети во целост и во најкраток можен рок. Доколку не се исполнат, независните синдикати на полиција, шумска полиција, затворска полиција и судска полиција ќе продолќат да го манифестираат незадоволството преку јавните медиуми, социјалните мрежи и протести како денешниот, но и преку останати мерки дозволени и предвидении со закон.

 

Господа надлежни за решавање на овие барања и проблеми, само со одобрување на истите и нивна итна имплементација ќе се врати достоинството, моралот на полицаецот, а тоа е основната задача и обврска на овие синдикати. Враќање на достоинството на полицаецот, достоинствен полицаец, задоволен граѓанин“, истакна Кирковски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien