Врховен ќе ја приспитува пресудата за „мерцедесот“ на Јанкуловска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Судиите Фаик Арслани, Џемали Саити, Африм Фидани, Снежана Бајлозова и Јелица Крстевска месецов треба да одлучат за вонредното преиспитување на затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“.

 

На 24 јуни Врховниот суд го прифати барањето на Јанкулоска за вонредно преиспитување на пресудата и ја одложи затворската казна. Таа првично беше осудена од судијката Добрила Кацарска на шест години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, додека пак Апелацискиот суд и ја намали на четири години.

 

Извршувањето на казната се одложи затоа што нејзиното бебе немаше наполнето ни една година, a во исто време и Врховниот суд го прифати нејзиното барање со времена мерка за одлагање на извршувањето на казната, дури судиите не одлучат за пресудата.

 

Имено, поранешниот премиер и министер Владо Бучковски на сличен начин се спаси од затвор откако Врховниот суд го одложи издржувањето на затворската казна, а потоа случајот го врати на повторно судење.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи