Катица Јанева останува во Шутка, Апелација ја отфрли жалбата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева останува во истражниот затвор Шутка, откако Апелацискиот суд денеска ја отфрли нејзината жалба со која бараше укинување на притворот. Судиите ја земале в предвид можноста за бегство која се уште постои, носејќи ја одлуката.

 

Во одлуката, апелација наведува дека со завршување на истрагата, поранешната специјална обвинителка не може да влијае врз истрагата за предметот и сведоците па затоа точката два од решението е преиначено, но останува во притвор според првата точка односно опасност од бегство.

 

Претходно, Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот што Јанева ја понуди за да ѝ биде одредено поблага мерка, по што следуваше жалба пред повисокиот суд.

 

Катица Јанева е во притвор од 21 август,  како третоосомничена во случајот „Рекет“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи