Стапи на сила Законот за бесплатна правна помош за граѓаните со незавидна финансиска положба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска стапува во примена новиот Закон за бесплатна правна помош, со кој граѓаните кои се со незавидна финансиска положба ќе можат да се обратат до Министерството за правда и до неговите подрачни единици и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството. Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош.

 

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека овој закон придонесува кон градењето на владеењето на правото, но и содржи и една хумана димензија која подразбира дека материјалните можности не смеат да бидат пречка за остварување на правата на граѓаните. Дескоска потенцираше дека со овој закон, граѓаните кои немаат доволно финансиски средства ќе можат да ги остварат своите права пред судовите, пред управните органи, но и пред други државни органи како што се Уставниот суд, народниот правобранител и други институции.

 

Бесплатната правна помош може да биде дадена како примарна правна помош и како секундарна правна помош. Примарна правна помош се дава од страна на овластено службено лице на Министерството, овластено здружение и правна клиника.

 

Секундарна правна помош даваат адвокати во постапка пред суд, државен орган, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и лица кои вршат јавни овластувања во согласност со одредбите од овој закон.

 

Средствата за одобрување на бесплатната правна помош и трошоците за дадената правна помош во постапките предвидени со овој закон се обезбедуваат од буџетот на Министерството, како и од донации и други приходи во согласност со закон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи