Заев: Членство во НАТО е постигнување на историска цел

Членство во НАТО значи постигнување на една историска цел, тоа е голема придобивка за нашата земја и целиот регион, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прескоференција со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

 

„Члентвото во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е остварување на историска цел. Досега пристапниот протокол за НАТО го ратификуваа 22 земји и со оптимизам очекуваме во блиска иднина тоа да го сторат сите држави членки. Сакам да се заблагодарам на САД за досегашната поддршката и ја очекуваме за брзо веста дека протоколот ќе се ратификува и во САД“, рече Заев.

 

Заев истакна дека САД се докажан пријател и поддржувач на Македонија, а денешната посета на државниот секретар Мајк Помпео е силен сигнал за поддршката на САД за нашата земја, за нашите евроатлантски интеграции.

 

„Северна Македонија е посветен стратешки партнер на САД. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште поисилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи  кои се конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата“, рече Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien