Од 07 до 31 октомври во Прилеп ќе се спроведува втората фаза од дератизацијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Им се соопштува на граѓаните на општина Прилеп дека во перидот од 07.10.2019 до 31.10.2019 година, екипи на Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведуваат втората фаза од превентивната систематска дератизација.

 

Дератизацијата ќе се спроведува со користење на отровни мамци (родентициди), а предмет на третирање ќе биде подземниот канализацинонен систем на градот и градската депонија во месноста Алинци.

 

Со цел успешно спроведување на дератизацијата, како и да се избегнат евентуалните несакани последици, граѓаните треба да ги преземат следните мерки:

 

  • Во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес.

 

  • Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци.

 

  • Да се оневозможи контакт на домашните животни со родентицидните мамци.

 

 

Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки, ЦЈЗ – Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи