„Фајнанс тинк“: Имаме неквалитетна јавна администрација – расте бројот, а опаѓа продуктивноста

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) објави инфографик на тема Јавна администрација: големина и продуктивност. Според оваа нивна анализа имаме администрација која не е квалитетна, а една од главните причини за тоа е вработувањето и напредувањето без почитување на принципот на квалификации, компетенции и заслуги.

 

Бројот на вработени, како што покажува анализата, од 2011 до 2018 година е во постојан пораст. Споредено со 2011, во 2018 година вработувањата во јавниот сектор се зголемиле за 17,2 отсто, речиси исто колку што пораснала и вкупната вработеност во економијата за истиот период (17,6 отсто). Но, истовремено продуктивноста на вработените во јавниот сектор паднала за 13,3 отсто.

 

Институтот предлага неколку мерки за подобрување на состојбата како воведување на сеопфатен систем на евалуација, воведување повеќе скалила во службата, отежнување на унапредувањето, олеснување на деградацијата…

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.